///English below///
Наскоро започнуваме со пролетната програма на Локомотива – каде продолжуваме со активности што ги поврзуваат истражувањето, архивирањето, едукацијата, уметничката продукција и меѓународната соработка во полето на современата култура и уметност. Оваа програма ја заживуваме со старите и нови локални и меѓународни партнерства, и тоа со средби и заеднички промислувања за подобри светови во кои твориме со задоволство, соработка и почит, каде ја градиме иднината со зачувување на често минати дела, пракси и соработки на заедници кои често се ставени на маргините на општествата кои се центрирани кон гаење на познатото, препознаеното или нормираното.