Отворен повик за куратор(к)и: „Курирање во контекст“ 5 – меѓународна школа за промислување, курирање и изведување современа уметност

 

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата објавува отворен повик за двајца куратор(к)и од Северна Македонија за учество во петтото издание на  меѓународната школа „Курирање во контекст“.

Овогодинешното издание се одвива во текот на целата година преку две семинарски сесии, како и менторски средби, и тоа:

  • Прва семинарска сесија – 11–14 мај 2026 година во  Скопје
  • Втора семинарска сесија – 31 август – 4 септември 2026 година во Струга
  • Менторски средби и заедничка работа – јуни–септември 2026 година
  • Презентација во рамки на Перформанс Платформа  Фестивал (ППФ) во октомври 2026 година. 

Програмата ќе  се заокужи со презентација на уметничките дела во рамки на октомвриското издание на ППФ.

Темата на меѓународната школа „Курирање во контекст“  за оваа година  е Иднинување нови светови / Futuring New Worlds, к а доаѓа како инспирација од книгата на Артуро Ескобар- Designs for the Pluriverse: Radical Interdependence, Autonomy, and the Making of Worlds (2018).

 „Курирање во контекст“ 5 повикува на имагинација како радикална алатка за преосмислување на  начинот на кој живееме заедно, во нашите општества, во нашите заедници, и на Земјата, воопшто. Работејќи со утопијата како метод, школата отвора простор за уметнички и кураторски практики  што се занимаваат со социо-политичка трансформација и трансформација на животната средина. 

Преку работилници, предавања, разговори и соработки со уметници, активисти и истражувачи, учесниците ќе истражуваат нелинеарни и меѓузависни перспективи од уметничките, културолошките, еколошките, родовите, педагошките и политичките области на знаење.

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за куратор(к)и од Северна Македонија на возраст до 29 години кои се во рана фаза на својата практика или кои имаат желба да се бават со кураторска (трансдисциплинарна)  практика.

 Ако сакате да:

  • работите со уметници кои  дејствуваат во  полето на  перформансот, на  пресекот меѓу танцот и визуелните уметности
  • работите во полето на современата уметност и да  развивате знаења за трансдисциплинарни практики во современата уметност
  • истражувате, да  проучувате и да изучувате уметнички и кураторски практики кои се  експериментални, процесно ориентирани и во дијалог со критички, родови, феминистички или општествено релевантни теми
  • градите заедници  и да соработувате со колеги уметници и куратор(к)и

Избраните куратор(к)и ќе работат заедно со  шест локални уметници и со уште двајца  меѓународни куратор(к)и – студент(к)и на магистерска програма во Германија.

Што нуди програмата?

Избраните учесници/чки ќе:

  • учествуваат во две семинарски сесии и менторски средби
  • соработуваат со шест уметници кои работат на пресекот  меѓу танцот и визуелните уметности
  • развиваат кураторски пристапи за уметнички дела во  изработка
  • ко-курираат програма во рамки на Перформанс  Платформа Фестивал
  • работат со ментор(к)и и поканети предавачи од меѓународната сцена 

Програмата обезбедува:

  • менторска поддршка
  • симболичен кураторски фонд
  • покриени трошоци за патување и сместување за сесијата во Струга

Како да аплицирате?

Испратете:

  • кратка биографија (до 200 зборови)
  • мотивациско писмо (до 500 зборови)
  • по желба: портфолио или линкови до  претходен ангажман

Апликациите испратете ги на: lokomotivaskopje2015@gmail.com 

Рок за аплицирање: 26.04.2026

Избраните учесници ќе бидат известени за резултатите до 30.04.2026.

 

„Курирање во контекст“ 5  е во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, во соработка со Универзитетот за уметности  во Брауншвајг претставуван од проф. д-р Елена Коровин. 

Меѓународната школа „Курирање во контекст“ 2026 година е поддржана од проектот „Democracy in Action“ финансиран од Европската Унија во рамки на HORIZON-CL2-2024-DEMOCRACY-02 договор бр. 101178843; проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд; Фондацијата Хајнрих Бол; Универзитетот за уметности  во Брауншвајг; zukunft.niedersachsen; Performance Situation Room / проект LLB 3 финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија; и Europe House финансиран од Европската Унија; u КСП Центар-Јадро. Содржината/изразените мислења во овој текст никогаш не можат да се толкуваат како ставови на донаторите.