Отворен повик за куратор(к)и: „Курирање во контекст“ 5 – меѓународна школа за промислување, курирање и изведување современа уметност

 

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата објавува отворен повик за двајца куратор(к)и од Северна Македонија за учество во петтото издание на  меѓународната школа „Курирање во контекст“.

Read More

„Курирање во контекст“ 5 – Меѓународна школа за промислување, курирање и изведување современа уметност / Curating in Context 5 – International School for Critical Reflection, Curating, and Performing Contemporary Art

///English below///

 

Оваа година школата „Курирање во контекст“  се реализира со поинаков концепт и модел од претходните четири изданија, односно ќе се одвива  во текот на целата година преку две семинарски  сесии, од кои првата ќе се одржи од 11 до 14  мај во Скопје, а втората од 31 август до 4  септември во Струга. Во текот на останатите месеци ќе се одржуваат менторски сесии, како и презентација на програма и дела во рамки на Перформанс Платформа Фестивал (ППФ) во октомври 2026 година. 

Read More