У.Ф.О – Омаж за Каталин Ладик || ЛОКОМОТИВА || МОТ

EN below***

У.Ф.О – Омаж за Каталин Ладик || Ирена З. Томажин, Јуле Флирл || 🗓️ 10.11 || ⏰ 20:00 || 📍  МКЦ – Денсинг сала || 🎟  https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1318

ТАНЦ/МУЗИКА/ПЕРФОРМАНС
У.Ф.О. – Омаж за Каталин Ладик
Ирена З. Томажин, Јуле Флирл

Унгарско-српската поетеса и изведувачка Каталин Ладик се смета за „Јоко Оно на Балканот“ и пионерка на звучната и изведбената уметност во Југоисточна Европа: со „SoundBodyPoetry“ од нејзиниот радикален боди арт перформанс „UFO Party“ од 1969 година, ја разбранува тогашната уметничка сцена и воспоставува методи на експериментален пристап кон гласот и танцовиот перформанс веќе во седумдесеттите години на 20 век. Во нивната прва соработка, германската танцова и вокална уметница Јуле Флирл и словенечката кореографка и вокалистка Ирена З. Томажин го слават заедничкиот интерес за уметничката позиција на Каталин Ладик: омаж што ги замаглува границите помеѓу поезијата, актерството и експерименталната работа со гласот, истовремено продолжувајќи го истражувањето на двете уметници во областа на физичкото искуство на јазикот и артикулацијата на различни слоеви на гласот.

Read More

Култренинг | Работилница за кореографија и танц | „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска

Култренинг/ Работилница за кореографија и танц | „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска | 29 септември 2023, 18:00 – 20:00 часот  | @ КСП Центар – Јадро

ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и ве кани да ја проследите втората серија на  работилници за современ танц и движење КУЛТРЕНИНГ – „Резонантни тела“ работилница за кореографија со Теодора Ежовска во КСП Центар – Јадро.

Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.

Read More