///English below///
Тркалезната маса претставува формат на дискусија во времетраење од 30 минути што ѝ овозможува на публиката одблизу да се запознае со процесот на постанување на фестивалот и неговата интеркултурна димензија, што произлегуваат од летната школа на Локомотива, „Курирање во контекст“. Запознајте ги уметниците кои се дел од фестивалската програма и дознајте повеќе за кураторскиот процес што се одвива околу темата иднинување. По дискусијата ќе има можност за прашања од публиката.