Јана Ацевска, Уредник на програмата за дизајн

Јана Ацевска

Уредник на програмата за дизајн

Јана Ацевска студира дизајн на Школата за уметност Вимблдон, Лондон, Велика Британија, и дизајн на накит на една од најдобрите школи за современ накит, Алхимија во Фиренца, Италија. Има 25-годишно искуство како креативен и уметнички директор во неколку меѓународни маркетинг-агенции, како Saatchi & Saatchi, New Moment, Scholz & Friends. Од 2006 до 2011 година е партнер и креативен директор во маркетинг-агенцијата „Имелда Огилви“. Во својата долгогодишна кариера работи за клиенти како Coca Cola, British American Tobacco, Imperial Tobacco, Toyota, Subaru, One, DHL, Unilever, Cisco, Proctor & Gamblе итн.

Во 2010 година го оформува студиото за дизајн КАПКА, кое активно работи во полето на графички дизајн, дизајн на производ и дизајн на накит. Во соработка со Завар ја изработува својата прва колекција на дизајн-радијатори. Соработката резултира со наградата “BigSee” за дизајн на производ на ‘Месецот на дизајн’ во Љубљана.

Од 2010 до денес Ацевска е активна во полето на дизајнот, како и во организацијата и маркетингот на настани поврзани со дизајнот. Учествува и изложува на Скопската недела на дизајн, саеми за дизајн во Букурешт, Виена, Стокхолм, Цирих, Берн, Порто, Мексико. Го организира првиот саем за накит „Накит 2016“ во соработка со „Jавна соба“. Работи како куратор и како ментор на работилници за дизајн.