Повик за ангажирање на координатор/ка

Здружение на граѓани ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во Скопје бара координатор/ка на определено време од 9 месеци, почнувајќи од октомври 2022г. Првите три месеци е период на адаптација со скратено работно време, останатите 6 месеци ангажманот е со полно работно време со можност за продолжување.

ЛОКОМОТИВА е организација со динамична средина за работа, соработува со бројни локални, регионални и меѓународни соработници и партнери и нуди голема можност за личен и професионален развој на своите членови. Повеќе на www.lokomotiva.org.mk

Координаторот/ката е потребно да ги исполнува следните квалификации:

  • да има завршено високо образование;
  • да има одлично познавање на англиски јазик;
  • да има претходно искуство во развој на проекти;
  • да има претходно искуство во координирање на тимови и проекти;
  • да има основно познавање од буџети и основни финансиски операции;
  • да поседува комуникациски и организациски вештини;
  • да има флексибилен однос кон времето и животниот стил бидејќи работата не е секогаш со фиксни работни часови, а и вклучува патувања во земјата и странство;
  • претходно искуство во здруженија на граѓани ќе се смета за предност;
  • познавање и искуство од полиња на хуманистичките науки ќе се смета за предност.

Задачи и обврски на координаторот/ката:

  • Да иницира и развива идеи заедно со останатиот тим на ЛОКОМОТИВА;
  • Да иницира и развива нови проектни апликации заедно со Програмскиот директор и Финансискиот менаџер;
  • Активно да придонесува во креирањето на Годишна програма за работа на ЛОКОМОТИВА;
  • Да го координира останатиот тим на ЛОКОМОТИВА за целосна и навремена техничка, административна и логистичка имплементација на Годишна програма;
  • Да го координира останатиот тим на ЛОКОМОТИВА за целосна и навремена реализација на годишни извештаи;
  • Да координира архивирање на материјали од настаните, комуницира со партнери и соработници, донатори и засегнати страни и повремено во отсуство на ПР да поставува тековни информации на веб страната и социјалните мрежи.

Важно е координаторот/ката да ги разбира задачите како интегрален дел од развојот на нашата современа култура и уметност која прави поместувања кај нас и пошироко и се застапува за подобри работнички услови во полето. Важно е да сака да учи, да ја развива и истражува културата и уметноста во релација со новите текови и социо-културни и политички теми кои се однесуваат на животната средина, феминизмот, човековите права итн. 

Доколку сте заинтересирани пратете на lokomotivaskopje2015@gmail.com Ваша биографија и кратко писмо за интерес во кое ќе ги наведете Вашите мотиви и очекувања од овој ангажман, најдоцна до 09.09.2022 година со назнака „Апликација за координатор/ка“.